Македонската тениска репрезентација до 12 години претрпе пораз во 2.коло на European Summer Cup што се одржува во Раковник, Чешка од селекцијата на Украина со 2:1. Ова е втор пораз за Македонија во групата А. Во вториот меч Словачка ја совлада Босна и Херцеговина со 3:0.
Победата и поенот за нашата репрезентација го донесе Марко Алексовски кој успеа да го победи Јегор Романуца со 2-0 во сетови (62 62). Во вториот сингл меч Иван Трпковски загуби од Олександр Кахан со 2-0 во сетови (61 76(4)). Дуелот беше решен во мечот во двојки. Алексовски и Алексеј Стојановски настапија за Македонија и загубија со 2-1 во сетови (62 16 10-4 на поени) од Олексеј Хевашчук и Кахан.
Утре Македонија во дуелот за третот место во групата ќе игра против Босна и Херцеговина.
Во групата Б во 2.коло: Естонија – Велика Британија 0:3 и Словенија – Чешка 1:2.
Табела А група: Словачка 2 бода (6-0), Украина 2 (5-1), Македонија 0 (1-5), БиХ 0 (0-6).
Табела Б група: Чешка 2 (5-1), Словенија 1 (4-2), Велика Битанија 1 (3-3), Естонија 0 (0-6).
Утре во последното коло од групите двојките се: Македонија – Босна и Херцеговина, Словачка – Украина, Словенија – Велика Британија и Естонија – Чешка.