Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло на фјчрс турнирот во Лиепаја, Летонија што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа загуби од Франческа Цурми од Малта (20 години) со 2-1 во сетови (16 64 75) за 2 часа и 8 минути игра.
Мечот нашата тенисерка го почна одлично и поведе со 3:0, а првиот сет го загуби со само еден загубен гем со 6:1 во гемови. Во второт сет имаше многу повеќе неизвесност. Во првите шест гема имаше по еден брејк, а Ѓорческа го доби седмиот гем за водство од 4:3. Но, противничката од Малта успеа да „врзе“ три гема во низа и сетот да го добие со 6:4 во гемови и со тоа да изедначи на 1:1 во сетови.
Решавачкиот сет беше со големи осцилации кај двете тенисерки. Цурми ја продолжи низата и ги доби првите четири гема за водство од 4:0 или седум “врзани“ гема. И кога се очекуваше завршување на мечот Ѓорческа прави пресврт и поведува со 5:4 во гемови и во следниот гем сервираше. Но, Цурми пак се враќа резултатски и го освојува следните три гема и го добива сетот со 7:5, а со тоа и мечот со 2:1.
Мечот статистички беше речиси изедначен, единствено Ѓорческа имаше 10 двојни сервис грешки, а противничката само 1.
За нашата тенисерка останува настапот во двојки со Чагла Бујукакчај од Турција утре ќе играат во второто коло против првите носителки Џеси Ромпиес од Индонезија и Оливија Тџандрамулиа од Австралија.