Австриецот Жоел Шварцлер (18 години) е победник на годинашново издание на Macedonian Open откако во финалето го совлада Полјакот Камил Мајхчак со 2-0 во сетови (63 63). Финалниот меч траеше 1 час и 21 минута. Швалцер е во моментов најдобриот светски јуниор, а ова е негов прв триумф на Челинџер турнир во кариерата.
Првиот сет почна изедначени и до 3:3 во гемови немаше ниту еден брејк во сетот. Првиот чекор кон победата го направи Шварцлер и го имаше првиот брејк во мечот. Во следниот гем на свој сервис гемот го освои без загубен поен, а потоа направи уште еден брејк за 6:3 во првиот сет. Серијата гемови Шварцлер ја продолжи и во вториот сет и поведе со 3:0 во гемови (имаше серија од шест гема). Полјакот Мајхчак направи еден чекор за враќање откако намали на 3:2 во гемови со еден брејк, но победникот на турнирот во следниот гем го освои гемот за 4:2. При 5:2 во гемови Мајхчак на свој сервис спаси три меч топки. Сетот заврши со идентични 6:3 во гемови.
Победникот Шварцлер за триумфот на Macedonian Open за победата добива 75 поени и 10.200 евра, додека финалистот Мајхчак ќе добие 44 поени и 6.015 евра.
По триумфот победникот Жоел Шварцлер изјави:
- Честитики за сите, од организаторите, со сите кои беа во организацијата на турнирот. Ова за мене беше одлична недела одиграв одличен турнир и сум задоволен од постигнатиот настап. Ова е голем успех за мене и прв освоен Челинџер турнир затоа сум пресреќен.
Во конкуренција на двојки победија Американците Сигерман и Трхач откако во финалето со 2-0 во сетови ги победија Чесите Поулсен и Рикл.
ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ