Тениски Фестивал

March 27, 2024

Почитувани љубители на тенисот,

Ве информираме дека во сабота на 30ти март, со времетраење од 11 до 15 часот, Тениската федерација организира ТЕНИСКИ ФЕСТИВАЛ за деца – промотивен настан кој ќе се одржи кај Школката во Градскиот парк во Скопје.

Планирани се повеќе спортски активности на неколку станици кои ќе вклучат изведба на моторички вежби и игри за загревање, како и можност за игра на мини терени. Целта на овој настан е промоција и запознавање на најмалите генерации со тенисот како спорт и презентација на најосновните движења и техники во тенисот.

Во пријатна атмосфера со музика и забава, присутни ќе бидат и нашите Били Џин Кинг Куп репрезентативки.

Ве очекуваме,

Тениска Федерација на С.Македонија

#sportuvajizabavuvajse#worldtennisday2024

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани