Македонскиот тенисер Стефан Мицов успешно ја мина и втората пречка од квалификациите од фјучрсот во Скопје. Тој за 56 минути игра го совлада 19-годишниот Лазар Даниќ од Србија со 2-0 во сетови (61 61), а притоа противникот освои по еден гем во секој од сетовите. Противник на Мицов, кој е втор носител во квалификациите ќе му биде Романецот Нини Габриел Дица (22 години, 1952 место на АТП). Романецот по 2 часа и 10 минути игра го победи Вања Петров од Србија со 2-1 во сетови (46 75 10-8 на поени).
Другите двајца македонски тенисери кои настапија во второто коло од квалификациите ги загубија мечевите од фаворитите. Марио Тодоровски загуби од 4.ти носител Стефанос Скиниас од Грција со 2-0 во сетови (60 62) за 51.минута, додека Андреј Тасевски загуби од Британецот Лука Петровиќ (15.носител) исто со 2-0 во сетови (60 62) за 53.минути.
На главниот турнир Македонија веќе има 9 учесници, а победа на Мицов во утрешното финале од квалификациите бројката ќе биде 10.