Македонската тенисерка Сара Митевска постигна победа во разигрувањето на Европското првнество до 14 години што се игра во Мост, Чешка. Таа ја совлада Алисија Сатон од Република Ирска со 2-0 во сетови (40 41). Во следната рунда утре ќе игра против Флора Рабланска од Словачка. Другите наши тенисери во разигрувањет претрпеа порази. Миа Спировска загуби од Португалката Габриела Агра Аморима (16.носителка) со 2-0 во сетови (41 41).
Кај момчињата Горјан Вукичевиќ загуби од Аату Ниемела од Финска со 2-0 во сетови (42 41), додека Матеј Попв беше совладан од Романецот Андреј Раду со 2-0 (42 40).
Во игра на двојки во второто коло од главниот турнир Митевска и Спировски загубија од првите носителки Софие Хитлерова и Вероника Секерова од Чешка со 2-0 во сетови (61 61).
На Европското првенство за играчи до 18 години мечот на македонскиот дубл Марко Стоилковски и Лука Симиќ против Георги Георгиев и Анас Маџаришки од Бугарија не се одигра бидејќи поради дождот мечевите од денешната програма беа во прекин.