Македонската тенисерка Сара Митевска го загуби мечот од третото коло на Европското првенство за тенисери до 14 години што се одржува во Мост, Чешка. Митевска настапуваше во разигрувањето (бонус костурот) и загуби од Флора Рабланска од Словачка со 2-1 во сетови. Првиот сет и припадна на македонската тенисерка со 4:2 во гемови, додека следните два ги доби противничката со 4:1 и 4:2.
На шампионатот до 18 години во швајцарскиот град Клостерс денеска настап во меч од првата рунда имаа и македонските тенисери Лука Симиќ и Марко Стоилковски. Тие загубија од 15-те носители Георги Георгиев и Анас Маџрашки од Бугарија со 2-0 во сетови (62 61).
Ова воедно беа и последните настапи на македонските тенисери на на Европските првенства на првенствата до 14 години (Мост, Чешка) и до 18 години (Колстрес, Швајцарија).