Македонската тенисерка Сара Митевска триумфираше на Рилана Куопт во Софија на турнирот од категорија 2 што се играше во Софија, Бугарија. Таа до триумфор стигна без загубен сет и оствари пет победи. Во финалето ја совлада петтата носителка Кејси Мауро од Велика Британија со 2-0 во сетови (62 61).
Во првото коло Митевска беше слободна, а во второто славеше победа над Романката Андреа Елиана Неаксу со 2-0 во сетови (63 63), а во следната рунда оствари победа над Раја Коцева од Бугарија со 2-0 (62 64). Во четвртфиналето ја победи осмата носителка Моника Господинова од Бугарија со 2-0 (61 61), додека за влез во финалето втората носителка Анастасија Барзакова од Бугарија и го предаде мечот при резултат 75 и 30 во вториот сет за македонската тенисерка.
Сара Митевска на овој турнир беше рангирана како трета носителка.