Шампион на Македонија во конкуренција на тенисери до 16 години е Амар Хусеиновиќ (МТП), кој во финалето со 2:0 во сетови (62 61) го победи Кристијан Јанев (Југ). Воедно ова беше дуел на првиот и вториот носител. И во конкуренција на двојки во финалето играа првите и вторите носители. Александар Трифуновски и Кристијан Јанев со 2:0 во сетови (61 62) ги совладаа Филип Атанасовски и Максим Тренески.
Во женска конкуренција во финалето Ана Митевска (Југ) со 2:0 во сетови (76(6) 60) ја победи клупската другарка Јана Божиновска. Но, Божиновска во игра во двојки со Катја Ивановска по голема борба ги победија Теона Андова и Зара Зафировска со 2-1 во сетови (46 62 13/11).
Мечевите се играа на терените на ТК Поинтер.