Минимални промени за македонските тенисери на АТП ранг-листата

March 4, 2024

Најдобро рангираниот македонски тенисер на АТП ранг листата Калин Ивановски оваа недела има скок за едно место и се наоѓа на 360.то место со 137 поени.

Горазд Србљак има пад за една позиција и со 10 поени се наоѓа на 1069.то место, додека Обрад Марковски има скок од три места и сега е рангиран на 1609.то место со два поена.

Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за седум места и се наоѓа на 674.то место со 71 поен, додека Берк Бугариќ е рангиран на 1363.то место со 16 поени (скок за едно место). Обрад Марковски и во двојки има скок и се наоѓа на 1867.то место (скок седум позиции) со 5 поени, а Елдин Хусеиновиќ со 3 поени се наоѓа на 2160.то место (напредок три места) со 3 поени.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани