Македонските тенисери на денес објавената ранг-листа на АТП имаат минимални промени во рангот или пак со истиот број поени се наоѓаат на истата позиција. Таква е положбата на најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски, кој со 159 поени се наоѓа на 326. то место исто како и претходната недела. Горазд Србљак има пад за две позиции и сега е на 1057. то место со 17 поени, додека Обрад Марковски е на 1455. то место со 3 поени.
Во конкуренција на двојки Ивановски е на 676. то место со 71 поен (скок за едно место), а Берк Бугариќ е рангиран на 1353. то место со 16 поени (скок за едно место). Пад за шест места има Обрад Марковски и се наоѓа на 1766. то место со 7 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2130. то место со 3 поени.
Следната ранг-листа ќе биде објавена по завршувањето на Австралија опен.