Најновата АТП листа донесе минимални промени во рангот на македонските тенисери. По неколку недели „пад“ оваа недела Обрад Марковски е единствеиот Македонец со подобар ранг и сега се наоѓа на 1374.то место со 8 поени. Калин Ивановски и натаму е најдобро рангиран, но тој има два поени помалку од претходното рангирање – 158 и пад за едно место и сега се наоѓа на 331.то место. Горазд Србљак е рангиран на 1101.то место со 9 поени (пад за една позиција).
Во конкуренција на двојки Ивановски е рангиран на 633.то место со 79 поени има пад за две места, а Марковски им пад за една позиција и е рангиран на 1220.то место со 21 поен. Без промени во однос на претходната недела е Берк Бугариќ 1339.то место со 16 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2092.то место со 3 поени и има пад од 44 позиции.