Македонскиот тенисер Обрад Марковски не успеа да се пласира на главниот турнир на фјучрсот во Србија (Куршумлијска бања) што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тој во денешното финално коло од квалификациите загуби ид српскиот тенисер Саша Марковиќ (17.години) со 2-1 (26 75 10-5 на поени). Првиот сет Марковиќ го доби без поголеми проблеми со 6:2 во гемови, но затоа пак во вториот сет имаше многу повеќе неизвесност и драматичност.
Марковски беше во негатива од 3:5 во гемови, но направи серија од четири гема и сетот го заврши со 7:5 во своја корист и изедначи на 1:1.
Во решавачкиот сет на поени српскиот тенисер поведе со 5:1 што се покажа како решавачко и недостижно за Марковски.
На главниот турнир директно учество обезбеди Горазд Србљак, кој го доби името на противникот и утре во првото коло ќе игра против квалификантот Александар Махаиловиќ од Србија.