Вториот македонски тенсиер кој беше пријавен на фјулрсот во Куршумлијска Бања, Обрад Марковски го заврши настапот во првото коло откако загуби во два сета од домашниот тенисер Алекса Писариќ со 2-0 во сетови (64 75) за нешто полмалку од два часа игра.
Во израмнетиот прв сет Марковски „потклекна“ во финишот и по 4:4 во гемови го загуби својот сервис во деветтиот гем и противникот поведе со 5:4, а потоа го доби сетот со 6:4. Во вториот сет по 3:3 во гемови, Марковски направи брејк и имаше водство од 5:3, но не ја задржа предност и противникот направи серија од четири гема и го доби сетот со 7:5.
Од македонските тенисери на турнирот победа во првото коло постигна Горазд Србљак откако го победи Стефан Вујиќ од Австралија со 2-1 во сетови, додека во конкуренција на двојки победи Магдалена Стоилковска,која вчера триумфираше и во сингл и утре ја очекува двојна програма.