Настапите на македонските тенисери на Macedonian Open 2023 донесоа и нови ранкинзи за нашите играчи, па така најголем скок од 104 места има Обрад Марковски, кој за пласманот во финалното коло од квалификациите освои два поена и со вкупно 7 се проби на 1166 позиција на АТП листата.
Калин Ивановски има пад од шест места поради два загубени поена и со 108 поени е на 421.место, додека Горазд Србљак е на 1133 место со 8 поени. Со по еден поени се: Берг Бугариќ (1704 место), Стефан Мицов (1895) и Томислав Јотовски (1952).
На ранг листата во двојки Ивановски се проби на 514-то место и има 98 поени со 16-те од Челинџер 75 во Скопје. Истиот број поени го освои и Берг Бугариќ бидејќи настапија заедно и напредуваше за 489 позиции и со 23 поени се наоѓа на 1127.место. Обрад Марковски со 31 поен, е на 1008 место. На ранг листата во двојки уште се наоѓаат: Србљак (1395 место), Стефан Мицов (1525), Томислав Јотовски (1571) и Бесир Дургути (2393).