Македонскиот тенисер Обрад Марковски не успеа да се пласира на „главниот турнир“ Macedonian Open 2023. Тој во финалниот меч од квалификациите загуби од Карол Држевиецки од Полска. Противникот го доби мечот со 2-0 во сетови (6:2 и 7:5) за 1 час и 50 минути игра.
Првиот сет полскиот тенсиер го доби со 6:2 без поголеми проблеми, а во вториот се водеше голема борба.
Марковски поведе со 3:0 во гемови, но противникот успеа да изедначи на 3:3. Во продолжението на мечот се водеше голема борба, а нашиот тенисер при резултат 5:4 на сервис на противникот пропушти брејк топка за изедначување во мечот. Откако полскиот тенисер изедначи на 5:5 успеа да го добие сетот со 7:5, а воедно и мечот да го заврши како победник.
За пласманот во финалето од квалификациите Марковски обезбеди два поена.
Пласман на главниот турнир обезбедија уште: Мате Валкуж од Унгарија, Сумит Нагал од Индија и Вилсон Леите од Бразил.