Македонско-хрватската комбинација Обрад Марковски и Вито Тонејц забележаа победа во првиот меч во конкуренција на двојки. Тие ја совладаа белгиската двојка Тибо Колсон и Кристофер Хејман со 2-1 во сетови (75 16 10-5 на поени).
Првиот сет мина без поголеми изненадувања и македонско-хрватската постојано имаше водство во сетот и успеа да ја реализира првата меч топка и го доби сетот со 7:5. Но, во вториот сет беше сосоема поинаква слика тенисерите од Белгија доминираа и го добија сетот со 6:1 во гемови.
Во решавачкиот сет Марковски и Тонејц беа подобри и го добија сетот и мечот со 10-5 на поени искористувајќи ја првата меч топка.