Обрад Марковски успеа да се пласира на главниот турнир на фјучрсот во Пирот (награден фонд 15.000 долари). Тој во финалното квалификациско коло вчера по два и пол часа игра го победи Јоанис Кунтуракис од Грција со 2-0 во сетови (76 60), а претходно беше подобар и од Максим Крапивин од Русија со 2-1 во сетови.
Денеска во меч од главниот турнир ќе игра против седмиот носител Виктор Јовиќ од Србија.
На турнирот настапи и Горазд Србљак, кој во мечот од првото коло вчера загуби од Вук Раѓеновиќ од Србија со 2-0 во сетови (62 62).