Обрад Марковски по успешно минатите квалификации на на фјучрсот во Пирот, денеска во мечот од првото коло загуби од домашниот тенисер Виктор Јовиќ (седми носител) и мечот го загуби со 2-0 во сетови (64 62) за 1 час и 45 минути игра.
Во првиот сет се водеше голема борба за секој гем особено на сопствен сервис и до десеттиот гем ниту еден од играчите не успеа да направи брејк, па така Јовиќ водеше со 5:4. Десеттиот гем беше клучен, а на сервис беше Марковски. Српскиот тенисер успеа да направи брејк и го доби сетот со 6:4 во гемови.
Во вториот сет Јовиќ поведе со 2:1 во гемови, а во четвртиот гем по 18 одиграни поени Марковски го загуби гемот и противникот поведе со 3:1, додека вториот брејк српскиот тенисер го направи при резултат 5:2 за него со што сетот го освои со 6:2.