Македонскиот тенисер Обрад Марковски не успеа заедно со полскиот тенисер Сајмон Килан да се пласираат во финалето во двојки на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања.
Тие денеска во полуфиналниот меч загубија со 2-0 во сетови (62 61) во меч што траеше нешто под еден час. поуспешни од нив беа третите носители јапонските тенисери Келсуке Салто и Далсуке Сумизава. Во финалето тие ќе играат против првите носители Габриел Донев и Симон Антони Иванов од Бугарија.
На патот до полуфиналето македонско-полската комбинација оствари две победи во претходните две кола, а воедно беа единствените неносители во полуфиналните мечеви.