Македонската Дејвис Куп репрезентација го загуби првиот меч во дуелот со Малта од 1.коло од Третата Европска зона од Дејвис купот. Обрад Марковски во мечот на второторангираните тенисери од репрезентациите загуби со 2-1 во сетови (46 62 76 (3)) од Алекс Дегабриеле за 2 часа и 46 минути игра.
Во првиот сет двајцата играчи до резултатот 3:3 во гемови го освојуваа гемот на свој сервис. Потоа Марковски направи брејк и поведе со 4:3, но противникот направи „ри-брејк“ за 4:4. Следуваше уште еден одземен гем на сервис на ривалот и Марковски поведе со 5:4, а потоа го реализираше и својот сервис за 6:4 и водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет Дегабриеле почна одлично и поведе со 5:0 со два брејка, а Марковски само еднаш потоа направи брејк за да намали на 5:2, но потоа и во осмиот гем го загуби својот севрвис и Малта изедначи на 1:1 во сетови.
Решавачкиот сет почна со брејк на македонскиот тенисер, но противникот врати веднаш во следниот гем и Марковски ја испушти предноста и до 4:3 немаше ниту еден брејк. Во 8.гем Марковски направи три двојни сервис грешки и противникот поведе со 5:3. Но, нашиот тенисер го врати брејкот во следниот гем, а потоа изедначи на 5:5. Драмата во сетот продолжи и мечот беше решен во тај брекот кој го доби Дегабриеле со 7:3 откако на крајот имаше серија од четири поени.
Во вториот сингл меч за Македонија ќе настапи Калин Ивановски против Лиам Деликата.