Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа 2023 година ќе ја заврши на 213.то место на ВТА ранг-листата. Таа има скок од три места во однос на минатата недела, но бројот на поени е ист – 357. Во поединечна конкуренција кај жените Магдалена Стоилковска со 9 поени се наоѓа на 1208.то место и има пад од две места.
Ѓорческа исто како и во сингл и во конкуренција на двојки има напредок од три позиции и се наоѓа на 364.то место со 226 поени.
Воедно најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа на почетокот на новата сезона ја очекува настап во квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн.