Македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска имаат мали поместувања нагоре на ВТА листата што ќе важи од утре (понеделник 28.август). Ѓорческа со 312 поени се наоѓа на 233.то место или скок за четири места, додека Стоилковска е рангирана на 1345.то место со 5 поени (скок шест позиции).
Ѓорческа оваа недела ќе се подготува за следните два турнира првиот во Виена, а потоа следната недела во Скопје, додека Стоилоковска оваа недела ќе настапува на фјучрсот во Куршумлијска Бања каде е директна учесничка.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа е рангирана на 283.то место со 284 поени (пад за едно место), додека Александра Симева е рангирана на 1435.то место со три поени (пад за две места).