На најновата ранг листа објавена од страна на АТП македонските тенисери имаа мал пад. Калин Ивановски и Горазд Србљак по едно место, а Обрад Марковски три позиции. Ивановски со 155 поени се наоѓа на 336 место (поените за триумфот во Австрија ќе му бидат запишани следната недела), а Србљак е на 1128 место со 8 поени. Марковски со 6 поени се наоѓа на 1225 место.
Во конкуренција на двојки Ивановски има скок од 4 позиции со 82 поена се наоѓа на 607 место. Марковски е рангиран на 1014 место со 32 поена, додека Берк Бугариќ има 16 поени и е на 1315 место. Србљак со 4 поени (три помалку од претходното рангирање) се наоѓа на 1911 место.