Со истиот број поени од минатата недела македонските тенисери Калин Ивановски и Горазд Србљак имаат мала промена на АТП листата, пад за неколку места. Ивановски е на 330.то место (пад две позиции) со 160 поени, додека Србљак е на 1100.то место (пад осум позиции) со 9 поени. Обрад Марковски пак не успеа да ги одбрани поените и откако остана со 4 поени (два помалку) забележа пад од 169 места и сега се наоѓа на 1382.то место.
Во конкуренција на двојки Ивановски со 79 поени е на 631.то место (скок за четири позиции). Марковски и тука има пад од 81 место и со 21 поен (четири помалку) се наоѓа на 1219.то место. Берк Бугариќ е пласиран на 1339.то место со 16 поени (пад за девете позиции), додека Елдин Хусеиновиќ е на 2048.то место со 3 поени (пад за 13 места).
Од македонските тенисери оваа недела настап ќе имаат Калин Ивановски на фјучрс во Сетубал, Португалија, Горазд Србљак, Обрад Марковски и Шендрит Деари се на фјучрсот во Србија, со тоа што Марковски и Деари се дел од квалификациите.