Македонски тенисери и тенисерки учесници на ЕП за играчи до 16 години

September 24, 2023

Вкупно четири македонски тенисери и тенисерки ќе бидат дел од 47.то Европско првенство за играчи до 16 години што утре почнува во Парма, Италија. Македонскиот национален тим ќе го претставуваат: Амар Хусеиновиќ и Кристијан Јанев кај момчињата и Ана Митевска и Зара Зафировска кај девојчињата. Во улога на капитен на тимот е Круно Деспотовски.

За мечевите на Европското првенство познати се и првите противнци на македонските натпреварувачи. Амар Хусеиновиќ во второто коло (во првото е слободен) утре ќе игра против 14.носител Јан Садзик од Полска, додека Кристијан Јанев во рамките на првото коло за ривал го има Дује Марковина од Хрватска.

Од девојчињата Ана Митевска за противничка ја има Елена Торбица од БиХ, додека Зара Зафировска ќе игра против 14.носителка Аделина Лахинова од Летонија.

Двата меча се од второто коло (слободни се во првата рунда), а ќе се играат утре (понеделник).

Македонските тенисери и тенисерки ќе настапат и во конкуренциа на двојки, но тие мечеви ќе се играат подоцна во текот на неделата.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани