Младите македонски тенисери и тенисерки имаа убава можност и оваа недела на домашна сцена да собираат искуство. На третиот во серијата турнири во Скопје на терените на ТК Југ забележителни настапи имаа неколку тенисери и тенисерки.
Полуфинале во двојки играа Теона Андова и Ана Митевска, додека Катја Ивановска и Јана Божиновска беа четвртфиналистки. Божиновска и Митевска беа и четвртфиналистки во поединечна конкуренција.
Кај момчињата нијанси го спречија Амар Хусеиновиќ да стигне до полуфиналето, додека Александар Трифуновски беше четвртфиналист во конкуренција на двојки и играше во 3.коло во сингл.
Македонските млади тенисери и тенисерки оваа недела се од уште еден турнир кој се игра на терените на ТК Поинтер, кај салата во населбата Јане Сандански.