Шест млади македонски тенисери и тенисерки од 3 до 14.март ќе бидат дел од тренинг кампот што ќе се одржува во Анталија.
Кампот е во организација на Tennis Europe, а дел од него ќе бидат: Андреј Темов и Деа Крстевска (до 12 години), како и Марко Алексовски, Александар Грујиќ, Сара Митевска и Анастасија Арсовска (до 14 години). Со нив како дел од репрезентацијата ќе бидат и тренерите Круно Деспотовски и Тања Стојановска. Ова ќе биде убава можност за заедничка работа на младите тенисери, особено важно за подобра подготовка за претсојната сезона и предизвиците кои ги очекуваат на турнирските настапи.
Во склоп на подготовките на кампот беше одржана и работилница од страна на јуниорскиот комитет со родителите на младите тенисери за презентирање на годишната програма на активности за македонските млади тенисери.