Дел од денешната програма на фјучрсот во Скопје е и македонската пресметка во првото коло, каде ќе играат Томислав Јотовски и Горазд Србљак. Искусниот Јотовски (32 години) се наоѓа на 1952-то место на АТП листата, додека 25-годишниот Горазд Србљак е рангиран на 1133 место.
Овие двајца тенисери имаат одиграно еден меч на ИТФ турнирите. Во рамки на 1.коло на турнир во Србија во 2016 година, а Јотовски има остварено победа од 2:0 во сетови (62 62).
Мечот ќе се игра на теренот број 8, а нема да почне пред 12:30 часот.