Македонскиот национален тим на Европското првенство до 14 години во Мост, Чешка што почнува утре (9.септември) ќе настапи со четири претставници (двајца кај момчињата и две девојчиња). Кај девојчињата ќе играат Сара Митевска и Анастасија Арсовска, додека кај момчињата тоа ќе бидат Марко Алексовски и Александар Грујиќ.
Познати се веќе и првите противници на нашите тенисери. Кај девојките Митевска за противничкана стартот ја доби Софие Мотлова од Шешка, додека Арсовска ќе игра против Сара Ковачевич од Словенија. Кај момчињата Александар Грујиќ во првото коло ќе игра против Ноел Ким Бахман од Швајцарија, додека Марко Алексовски е слободен на стартот и утре се стартува со мечот од втората рунда против Георги Георгиев од Бугарија (слободен истотака во првото коло).
Оваа „четворка“ македонски тенисери во месец март беше дел од националниот тим што беше на заеднички тренинзи со уште неколку тенисери од други држави во Анталија, каде имаа успешни настапи. Заедно со тенисерите во улога на селектор е Тања Стојановска.