Женската рептезентација на Македонија (тенисерки до 16 години) и во вториот дуел на European Summer Cup во Бистрица, Романија претпреа пораз. Македонија денеска во емчот од разигрувањето загуби од Грузија со 2:1 и утре во дуелот за седмото место ќе игра против Италија, која пак беше поразена од Холандија со 2:1.
Грузија победата ја обезбеди со двете сингл победи. Јана Божиновска изгуби од Тео Чаја со 2-1 во сетови (63 63 60), додека Ана Митевска беше поразена од Елене Куба со 2-0 во сетови (63 75). Македонскиот дубл Божиновска и Катја Ивановска ги совладаа противничките Куба и Елене Бучукури со 2-0 во сетови (63 75).
Во полуфиналните мечеви денеска Србија – Романија 2:1 и Унгарија – Украина 2:1.
Утре во финалето од групата играат: Србија – Унгарија, а за третот место Романија – Украина, додека Грузија и Холандија ќе играат за 5.место.