Август месец и високите температури не се пречка за организација на тениските турнири особено во јуниорска конкуренција. Така Македонија и Скопје токму во овој месец се домаќини на четири турнири за тенисери и тенисерки до 18 години.
Првите три турнири се играат на терените на ТГ Југ во Градски парк, додека на четвртиот домаќин е ТК Поинтер и се ќе игра на терените со СЦ „Јане Сандански“ во општина Аеродром.
На турнирите покрај македонските тенисери има играчи од повеќе држави најчесто од земјите од соседството, но има и играчи од Франција, Велика Британија, Италија, Летонија,…
Шансата за напредок е преку освојувањето на поени што може да биде исклучително важно.
Финалните мечеви на вториот турнир ќе се играат утре недела 18.август на терените на ТК Југ, а веќе од понеделник на истите терени старуваат мечевите од новиот трет турнир.