Македонскиот тим од играчи до 12 години ќе биде дел од European Summer Cup што ќе се одржува во Раковник, Чешка. Македонската репрезентација ја сочинуваат играчите: Марко Алексовски, Алексеј Стојановски и Иван Трпковски, додека улогата на капитен ја има Далибор Димковски.
По денешната ждрепка Македонија е дел од А групата заедно со селекциите на: Словачка, Украина и Босна и Херцеговина, кој по денешниот триумф над Литванија обезбеди учество. Во групата Б ќе играат: Естонија, Словенија, Велика Британија и домаќинот Чешка.
Македонија утре четврток (27.јули) игра против Словачка, а во следните два дена ќе игра и против другите две селекции од групата. Се играат два сингл меча и еден меч во двојки. Во недела на програмата се мечевите за конечниот пласман.