Од утре (понеделник) стартуваат Европските првенства во младински категории. Македонија ќе има свои претставници на првенствата во конкуренција на тенисери и тенисерки до 14 и до 18 години. Шампионатот до 16 години е откажан од страна на организаторите бидејќи ова првенство традиционално се одржуваше во Русија, а поради војната во Украина првенството не се игра (лани се одигра во Чешка , но само за една година).
Тимот до 18 години го сочинуваат: Марко Стоилковски и Лука Симиќ, кај момчињата и Ива Данева и Ивана Милкова кај девојчињата. Улогата на капитен ја има јуниорскиот асистент Тања Стојановска. Мечевите ќе се играат во швајцарскиот град Клостерс.
Под водство на капитенот Владимир Чубриноски во Мост, Чешка ќе играат: Сара Митевска и Миа Спировска кај девојчињата и Горјан Вукичевиќ и Матеј Попов кај момчињата. Тие се нашите претставници на шампионатот до 14 години.