Тенисот како спорт беше еден од првите кои модерната технологија ја вклучи во текот на натпреварите и веќе неколку години ниту еден од мечевите на големите турнири не може да мине без „хок ај технологијата“.
Дали топчето е во аут или на линија е големата дилема на многу од тениските мечеви ?
Блаже Трифуновски е Македонец, кој е исклучително важен во тенискот свет. Тој главниот човек за челенџ или „хок ај технологијата“.
– Кон крајот на 1994 година заминав од Македонија, во Нов Зеланд. Таму живеев 15 години имам и државјанство на Нов Зеланд и во тенискиот свет сум од Нов Зелнад, но во принцип и во душа јас сум Македонец. Во 2006 година се оженив во Германија и сега живеам таму, за време на годинашниов Вимблдон, Трифуновски изјави за медиумите од соседството.
Тој појаснува дека со АТП има договор и 30 недели во текот на годината, нон стоп е на терен и е отсутен од дома. На Грен слем турнирите работи на: Австралија Опен, Вимблдон и на УС Опен, а на Ролан Гарос засега нема систем со помош на компјутер. Воедно напоменува дека технологијата до денес многу напредувала и во секој момент се знае каде е топчето. Она што потенцира Трифуновски е дека играчите немаат забелешка на системот. Воедно во АТП подготуваат и нов систем, нема да има повеќе линиски судии и се ќе биде автоматизирано.
– Системот ќе го понуди тоа дека секоја топка што ќе биде во аут, ќе им биде познато на играчите односно ќе можат да се концентрираат на мечот, не на тоа дали требале да бараат челинџ, или да имаат непотребна расправија со судиите. Според мене тоа ќе биде најголемата придобивка за играчите, смета Трифумовски.
Блаже појаснува дека кога се воведе „хок ај“ бил на турнир во Мајами. Во тој момент бил судија на стол, но во АТП им бил потребен човек, кој ќе го контролира системот, а бидејќи бил млад едноставно почнал да го работи ова. Така се помалку се наоѓал на позиција судија на стол, а се повеќе на денешната. Во еден момент добива договор и престанува да биде судија на стол.
Како тениски судија шест до седум месеци во текот на годината бил дел од турнирите, па едноставно не можел да ја работи работата што ја работел додека бил во Македонија, како специјалист по медицинска биохемија. Работата во болницата станува минато, иако девет години бил одговорен на биохемиска лабараторија.