По ланскиот непријатен пораз во финалето од Португалија, македонската женска репрезентација оваа година на блескав начин стигна до првото место кое значи пласман во Втората Евр-африканска зона во следната година од Били Џин Кинг купот. Победата над Ерменија во финалето од 2:1 беше само круна на претхондите пет победи во групата.
- Девојките веруваа дека можат на крајот да бидат први. Тимскиот дух зарши голем дел од работата. Во денешното финале Меги (Стоилковска) одигра добар меч, но едноставно победата и припадна на противничката. Лина (Ѓорческа) со максимален пристап го одигра мечот и убедливо го доби. Во дублот имавме сигурност, едноставно освен првите неколку гема во другиот дел од мечот македонскиот дубл доминираше, ја водеше играта, знаеше што треба да направи. Би им се заблагодарил на сите кои во изминативе шест дена и на високи температури не бодреа беа со девојките. Ова е триумф на сите на Александра (Симева), Ива (Данева), Ана (Митевска), Меги (Стоилковска), Лина (Ѓорческа), како и на мојот помошник Кристијан Валгелов и на поддршката од федерацијата. Оваа победа и првото место го посветуваме на прерано починатиот мој колега Зоран Сивевски, од кого многу учев, изјави селекторот Димитар Лабудовиќ по добиените медали за првото место.
Нашата репрезентација по враќањето во ова натпреварување осум години беше дел од Третата зона, а следната година ќе игра во Втората Евро-африканска зона.