Женската репрезентација на Македонија со победа ги почна натпреварите во рамките на Втората Евроафриканска зона од Били Џин Кинг купот. На стартот совладана беше селекцијата на Естонија со 2:1, иако противничките поведоа со поенот што им го донесе Елена Малигина со триумфот над Магдалена Стоилковска. Сепак Македонија изедначи откако Лина Ѓорческа ја совлада Каја Канепи, па мечот во дубл го реши победникот.
- Одигравме меч како што посакуваме едноставно целиот тим беше на висината на задачата. Ќе почнам од мечот во двојки, девојките одиграа одлично. Мислам дека за Стоилковска ова беше надобриот нејзин меч во дубл. Заедно со Ѓорческа во текот на целиот меч играа без грешка. Притоа Лина имаше извонрден меч со Канепи, впрочем и двете тенисерки играа одлично, но клучните поени кога се „кршеше“ мечот ги освои Лина. И Стоилковска одигра добар сингл меч, што го потврди подоцна во играта во двојки. Утре (вторник) ни ден за одмор, бидејќи сме слободни, а во среда ќе играме против Хрватска. Во секој случја одлично е што победивме, истакна селекторот на женскиот тим на Македонија Димитар Лабудовиќ.