По извршената ждрепка селекторот на Македонија Димитар Лабудовиќ со изјава за противниците кои ги доби нашата селекција како дел од Б групата:
- Имаме добра група. Би требало дуелот со Финска, која е носител во нашата група да решава за првото место и за пласманот во финалето во сабота. Важно е исто дека секој ден ќе играме меч, бидејќи сме во групата со шест репрезентации.
Мечевите ќе се играат секој ден со почеток во 10 часот.