Курс за тренери од Ниво 1 (Coaching Beginner and Intermediate players course)

September 10, 2022
FB1FC5A0-BE62-4BBB-8D76-1FACF9654528

Од 24 Октомври до 4 Ноември 2022, ТФСМ организира Курс за тренери од Ниво 1 (Coaching Beginner and Intermediate players course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) и по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Клубот организатор ќе биде накнадно објавен.

Тутори на курсот ќе бидат:

Горан Шевченко – ITF Тутор за Play Tennis, Ниво 1 и Ниво 2

Димитар Лабудовиќ – Асистент тутор за Play Tennis и Ниво 1

Право на пријава имаат сите тренери кои веќе го имаат поминато “Play Tennis” или “Mini Tennis” курсот а кандидатите ќе бидат прифатени по редослед на прв пријавен прв избран. Минималната бројка е 16 а максималната бројка на пријавени е 24 кандидати а рокот на пријава е 7 Октомври 2022, на следниот e-mail contact@tfsm.mk, за сите останати информации можете да се обратите на 070233243. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса. Максималната бројка на кандидатите е 24.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 14 Октомври 2022 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300 000 000 981 676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Сите избрани тренери треба да уплатат годишна лиценца од 2500 денари и 8000 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2022, курс од Ниво 1 и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2022/08/odluka-br.13.jpg

Одлука за посетување курс

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2022/09/odluka-br.15.jpg

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани