Курс за тренери од Ниво Играј Тенис (Play Tennis)

October 18, 2023

Од 13ти до 16ти Ноември 2023год., Тениската Федерација на С.Македонија, организира Курс за тренери од основно ниво Играј Тенис (Play Tennis) по програма од Интернационалната тениска федерација (ITF).

По завршување на курсот кандидатите се стекнуваат со лиценца/сетификат признаен од ИТФ и ТФСМ. Клубот организатор ќе биде дополнително објавен.

Последен рок за пријава на кандидати е 6 Ноември 2023 година на следниот e-mail contact@tfsm.mk . При пријавата ве молиме наведете ги вашиот e-mail и мобилен телефон. Максималниот број на канидати на курсот е 24.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата најкасно до 10 Ноември 2023 година на Жиро сметката на ТФСМ :

300 000 000 981 676 (Комерцијална банка АД Скопје ) на една уплатница, и тоа:

-2000 денари за годишна лиценца

-4000 денари за посета на курсот .

Финасиските плаќања се според Одлуките на ТФСМ за годишни лиценци за тренери и посета на курсеви, кои може да ги најдете на следните линкови:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2023/01/br.13-trenerski-licenci.pdf

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани