Жибек Куламбајева и Јустина Микулските се победнички на годинашново издание на скопскиот фјчурс „Триглав опен“, откако во финалето ги победија сестрите од Јапонија Рина и Јукина Саиго. Тие во финалето кое траеше 1 час и 26 минути славеа победа со 2-0 во сетови (63 64).
Првиот сет беше изедначен во почетокот и по 3:3 во гемови, победничките направија два брејка и освоија гем на свој сервис со што го добија првиот сет со 6:3. Во вториот сет Куламбајева и Микулските почнаа одлично и поведоа со 5:1 во гемови и во седмиот гем имаа и меч топка, но не ја искористија и сестрите од Јапонија намалија на 5:2, а потоа со многу подобра игра стигнаа до 5:4 во гемови. Сепак во 10.гем Куламбајева и Микулските ја реализираа предноста и сетот го добија со 6:4 и со 2:0 во сетови. Поразот во полуфиналето во сингл како да не остави последици кај Микулските, која во клучните моменти знаеше да одигра на потребното ниво.
Утре од 11 часот е сингл финалето меѓу Ива Приморац од Хрватска и Дејана Радановиќ од Србија.
Фото: Игор Паневски