Кристијан Јанев на Европскиот тениски турнир

May 11, 2022
Кристијан Јанев на Европскиот тениски турнир

Четиринаесетгодишниот македонски тенисер Кристијан Јанев на Европскиот тениски турнир за негова возраст што минатата недела се одржа во ТК Југ во Скопје направи голем успех пласирајќи се во финалето.

Во конкуренција на над 60 тенисери од цела Европа, македонскиот јуниор избори финале кое по голема борба го загуби од Словачкиот тенисер Леон Слобе. На патот до финалето Јанев извојува победи против тенисери од Бугарија, Велика Британија, Грција и Македонија, што е голем успех за овој наш јуниор и воопшто за јуниорскиот тенис. – Тенисот станува популарен спорт во земјава, се повеќе деца го играат и тоа резултира. Ние како Тениска федерација ќе ги поддржиме сите кои имаат талент и потенцијал и кои ја претставуваат нашата земја во најдобро светло, изјави државниот тренер на Тениската федерација на Северна Македонија, Горан Шевченко.

Во конкуренција на над 60 тенисери од цела Европа, македонскиот јуниор избори финале кое по голема борба го загуби од Словачкиот тенисер Леон Слобе. На патот до финалето Јанев извојува победи против тенисери од Бугарија, Велика Британија, Грција и Македонија, што е голем успех за овој наш јуниор и воопшто за јуниорскиот тенис. – Тенисот станува популарен спорт во земјава, се повеќе деца го играат и тоа резултира. Ние како Тениска федерација ќе ги поддржиме сите кои имаат талент и потенцијал и кои ја претставуваат нашата земја во најдобро светло, изјави државниот селектор на Тениската федерација на Северна Македонија, Горан Шевченко.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани