Конкурс за 4 Тренери и 1 Физиотерапевт ДСУ Спортска Академија 2022/2023

August 26, 2022

Конкурс за стручни лица кои ќе работат во ДСУ Спортска Академија Скопје 2022/2023

Врз основа на член 15 став 1 од Законот за спортска академија (Сл.Весник на Р.С.Македонија бр.115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016) и одредбите од Правилникот за посебните критериуми за тренер на ученици во Спортска Академија, Тениската Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) распишува:

КОНКУРС

за стручни лица кои ќе работат во Спортската Академија

Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ), објавува конкурс за стручни лица (Стручен тим) кои ќе работат со селектираните тенисери од 1-ва, 2-ра, 3-та и 4-та година за учебните 2022/2023 во Спортската Академија. Кандидатите конкурираат за место:

  1. Четири (4) Тренери по тенис
  2. Еден (1) Физиотерапевт

А. ТЕНИСКИ ТРЕНЕРИ

  1. 1. Општи критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите за тренери на учениците за тенис во Спортската академија во Скопје:

–       да има завршено најмалку више образование во областа на спортот или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација,

–       со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

–        Предност при избор за тренер имаат кандидатите кои познаваат најмалку еден светски јазик, што се утврдува преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори или уверение од меѓународна институција на А2 ниво на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ,ТЦФ,ТЕФ, или Гете сертификат

  1. Посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите за тренери на учениците за тенис во Спортската академија во Скопје:

–       да поседува ниво на тренерска едукација кое се докажува со сертификат од Македонската тениска федерација или друг тренерски сертификат/лиценца која е верифициран/а од Тренерскиот комитет при Македонската тениска федерација.

–        да има најмалку три години работно искуство со врвни јуниори на возраст од 12 до 18 години или професионални играчи над 18 години, кое се докажува со потврда од матичен клуб член на  македонската тениска федерација и потврда од Македонската тениска федерација;

–        да поседува лиценца за тренер од Македонската тениска федерација;

–        да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини и

–        да има постигнати резултати во неговата професионална кариера, односно освоено првенство, куп или настап во евро куповите.

Б. ФИЗИОТЕРAПЕВТ

–      да има завршено најмалку вишо образование за физиотерапевт и

–      со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

  1. Потребни документи за кандидатите кои ќе конкурираат: /согласно наведените услови за позиците/
  • биографија/ЦВ
  • приложена диплома за завршено најмалку вишо образование во областа на спортот или сертификат за лиценца добиена од соодветна меѓународна спортска асоцијација / диплома за завршено најмалку вишо образование за физиотерапевт
  • потврда со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност
  • приложен соодветен сертификат за тениско образование или потврда од Тениска Федерација на Северна Македонија за ниво на едукација доколку сертификатот е во фаза на изготвување
  • потврди за работно искуство од матичен клуб и потврда за работно искуство од Тениска Федерација на Северна Македонија
  • потврда дека е лиценциран со уплатница за платена лиценца за 2022 и 2023 година
  • диплома за остварен пласман како потврда од Тениска Федерација на Северна Македонија за постигнати резултати
  • меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори или уверение од меѓународна институција на А2 ниво на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ,ТЦФ,ТЕФ, или Гете сертификат (доколку поседува).
  1. Начин на избор: 
  • Изборот на членовите од стручниот тим ќе го врши Комисија оформена од Управниот Одбор на ТФСМ
  • Одлуката за тоа кои кандидати се примени ќе биде објавена на веб страната на ТФСМ.

Кандидатите се должни да ги достават потребните документи, најдоцна до Четврток, 01.09.2022 година до 12 часот, како би можела комисијата да постапи по доставените документи. Документите скенирани (еден фајл) се доставуваат на е-маил адресата: contact@tfsm.mk , во рамките на рокот со назнака : За Оглас Спортска Академија.

За сите останати информации Ве молиме да ја контактирате ТФСМ: Е-маил: contact@tfsm.mk 

Тениска Федерација на Северна Македонија

*Огласот е објавен на ден петок 26.08.2022 во дневниот весник Нова Македонија

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани