На терените на ТК Југ денеска беа одиграни вкупно 16 мечеви со што беше комплетирани првото коло во двете конкуренции. Од деветте македонски тенисери двајца ја минаа првата пречка – Калин Ивановски и Горазд Србљак, додека денеска заврши настапот и на уште една македонска комбинација во игра на двојки Стефан Мицов и Шендрит Деари беа поразени. Според тоа утре во второто коло на турнирот ќе продолжат Ивановски и Србљак, додека Обрад Марковски во конкуренција на двојки со Хрватот Вито ќе ги продолжи настапите.
Турнирот заврши за половина од носителите по првото коло: Антоан Оанг (2,Франција), Вилсон Леите (6,Бразил), Матс Росенкранц (7,Германија), Јанаки Милев (8, Бугарија).
Резултати на мечевите – 7.јуни среда:
Прво коло сингл:
Миљан Зекиќ (1,Србија) – Џереми Џан (Германија) 16 61 62
Тоби Мартин (Б.Британија) – Антоан Оанг (2,Франција) 64 36 63
Калин Ивановски (4,Македонија) – Тибо Колсон (Белгија) 46 62 64
Ерги Киркин (5,Турција) – Доминик Граф (Германија) 60 10 предадено
Петр Нестеров (Бугарија) – Матс Росенкранц (7,Германија) 76(5) 62
Вито Тонејц (Хрватска) – Вилсон Леите (6,Бразил) 63 75
Тимур Биелдиугин (Украина) – Амар Хусеиновиќ (Македонија) 61 62
Лука Петровиќ (В.Британија) – Марко Стоилковски (Македонија) 64 61
Лазар Војиновиќ (Србија) – Обрад Марковски (Македонија) 63 64
Нини Габриел Дица (Романија) – Берк Бугариќ (Македонија)
Ален Бил (Хрватска) – Ханс Алберт Шуберт (Чиле) 63 61
Давуд Амиров (Русија) – Бесир Дургути (Македонија) 63 61
Горазд Србљак (Македонија) – Томислав Јотовски (Македонија) 60 62
Прво коло двојки:
Паришит Сомани (1,Индија), Адам Тејлеор (Австралија) – Давуд Амиров (Русија), Умберто Мариа Џиованини (Италија) 64 62
Јанаки Милев, Петр Нестеров (3,Бугарија) – Вилсон Леите (Бразил), Тоби Мартин (В.Британија) 62 62
Мирза Башиќ (БиХ), Миљан Зекиќ (4,Србија) – Шендрит Деари, Стефан Мицов (Македонија) 64 62
Фото: Игор Паневски