На терените на ТК Југ денеска се одиграа последните натпревари од Били Џин Кинг купот што се играше во Скопје во склоп на Третата Европска зона. Првото место го освои Македонија по триумфот над Ерменија со 2:1 во финалето и следната година нашата женска репрезентација ќе игра во склоп на Втората Евро-африканска зона.
Покрај финалето се играа и мечевите за пласман:
3.место: Финска – Кипар 3:0
5.место: Луксембург – Молдавија 2:1
7.место: Албанија – Црна Гора 2:0
9.место: Исланд – Сан Марино 2:1
Последнопласирана (11.место) е селекцијата на Азербејџан.
Фото: Игор Паневски