Кипар ќе биде домаќин на Европската конференција на тренерите

July 31, 2024

Тенис Европа (Tennis Europe) објави дека Регионалната конференцијата на тренери за 2024 година ќе се одржи во Аја Напа на Кипар.

Настанот ќе се одржи од 31.октомври до 3.ноември, акцент ќе биде ставен во насока на развој на тенисери и тенисерки од почетните чекори и периодот на транзиција.

Ова ќе биде прв пат од 1998 година Кипарската тениска федерација да биде домаќин на конференцијата, која е наменета за тренери кои работат за националните тениски федерации во Европа.

Настанот ќе биде збогатен со присуството на кипарската тениска легенда и поранешен играч во ТОП 10 Маркос Багдатис, кој беше финалист на Австралија Опен каде загуби од Рожер Федерер. Тој ќе учествува и на сесијата и е планирано да одговара на прашања од тренерите.

Повеќе информации во ТФСМ: contact@tfsm.mk

https://www.tenniseurope.org/news/154142/Cyprus-to-host-European-Coaches-Conference

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани