Македонската Дејвис куп репрезентација го загуби мечот од 3.коло од Б групата од Третата Европска зона во Дејвис купот од домачинот Кипар со 3:0. По овој пораз Македонија го освои третото место во групата зад Молдавија и Кипар и утре во меч за опстанок во оваа зона ќе игра против Сан Марино треторангираната селекција од групата А.
Во првиот меч Амар Хусеиновиќ загуби од Стилианос Христодулу со 2-0 во сетови (61 62), додека во вториот меч Обрад Марковски беше совладан од Менелаос Естатиу со 2-0 во сетови (61 62).
Во играта на двојки Марковски и Хусеиновиќ загубија со 2-0 во сетови (60 64) од Сергис Кирацис и Елефтериос Неос.
Во другите мечево кои денеска се играа во Ларнака, Молдавија со 3:0 ја совлада Малта, а Естонија со истиот резултат ја победи селекцијата на Сан Марино.
Утре на последниот ден ќе се играат три дуели: Естонија – Молдавија за прво место (двете селекции ќе играат следната сезона во првото коло од Втората зона Светска група), Кипар – Црна Гора ќе играат за трет место победникот ќе им се приклучи на Молдавија и Естонија, додека во третиот дуел Македонија – Сан Марино играат за остаување во Третата Европска зона. Селекцијата на Малта е последна и следната сезона ќе игра во четвртата Европска зона.