Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во втората рунда на фјучурсот во Синтра, Португалија. Тој воедно ја оправда улогата втор носител со победата над Британецот Маркус Волтерс со 2-0 во сетови (64 76(5)).
Првиот сет беше решен во петтиот гем кога Ивановски успеа да направи брејк и на противникот да му го одземе гемот на сервис и притоа поведе со 3:2, а веднаш потоа и со 4:2. До крајот на сетот Ивановски ја задржа предноста и го доби сетот со 6:4. Во вториот сет имаше по еден брејк на за двајцата тенисери, па сетот беше решен во тај брекот. Ивановски поеде со 5:1 во поени, но противникот изедначи на 5:5, сепак следните два поена му припаднаа на македонскиот тенисер кој го доби сетот со 7:6, а воедно и мечот.
Во следното коло противник на Ивановски ќе му биде Дуарте Вела од Португалија.