Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на денеска објавената АТП ранг листа го има најдобриот ранг во кариерата – 415.место. Неговиот скок е за 44 позиции пред се на 16-те поени од финалето од минатиот викенд во Куршумлијска Бања во Србија. Ивановски сега има 108 поени. Како што е познато нашиот тенисер оваа недела ќе настапува на Челинџерот 75 Macedonian Open 2023, каде во првото коло ќе игра против Дино Призмиќ од Хрватска.
Скок од три места на АТП листата има и Горазд Србљак. Тој сега се наоѓа на 1129.то место со 8 поени.
Пад на ранг листата има Обрад Марковски и сега е на 1270.то место со 5 поени или три помалку во однос на претходното рангирање. Но, тој со самиот пласман во финалето на квалификациите на Macedonian Open 2023 веќе има обезбедено 2 поена, а со пласман на „главниот турнир“ ќе има најмалку 4 поени.
Со по еден поен пласман на ранг листата имаат Берг Бугариќ (1726.то место), Стефан Мицов (1879.то место) и Томислав Јотовски (1931.во место).
Ивановски има скок од 165 места и во конкуренција на двојки особено што поените за победата на фјучрсот во Куршумлијска Бања се „пресметани“ за оваа недела. Сега се наоѓа на 605.то место со 79 поени или нови 25. Воедно ова е негов најдобар ранг и воконкуренција на двојки.