По триумфот на фјучрсот во Скопје најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на денеска објавената АТП листата го бележи најдобриот ранг во кариерата, но притоа треба да се напомене дека поените – 25 од Скопје ќе му бидат запишани следната недела што значи дека треба да се очекува следната недела да биде рангиран и под 400.то место.
Ивановски сега е рангиран на 412.то место со 107 поени (еден помалку од претходниот ранг), но има скок од девет места. Од македонските тенисери втор според ранг е Обрад Марковски се наоѓа на 1152 место (скок од 14 позиции) со 7 поени. Од причина што има два поена помалку од претходно – 6, Горазд Србљак се наоѓа на 1208.место (пад од 75 позиции). По еден поен имаат Берк Бугариќ 1706.место (скок 34 места) и Томислав Јотовски 1863 место (скок 89 места).
Во конкуренција на двојки нашите тенисери воглавно имаат послаб пласман од претходното рангирање. Ивановски се наоѓа на 565.место (пад 51 позиција) со 90 поени (осум помалку). Марковски е 1021 место (пад 13 позиции) 29 поени (два помалку). Бугариќ е рангиран на 1196 место (пад 69 позиции) со 19 поени (четири помалку), додека Србљак е на 1143 место (пад 48 позиции) со 11 поени (два помалку). Единствено Томислав Јотовски има скок од 14 места и сега е на 1557 место со 8 поени, додека Стефан Мицов е рангиран на 1617 место (пад од 92 позиции) со 7 поени.
Македонските тенисери во оваа недела ги очекува настап во Дејвис Купот каде репрезентацијата на Македонија настапува во Ларнака Кипар, додека Србљак е пријавен на фјучрсот во Куршумлијска Бања.